9 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Прилеп вечерва пороен дожд и грмежи, најава за слично време и следните денови

Според радарска слика нестабилно е во западните делови и во Пелагонија со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи  за вечерва околу 21 часот кога и Прилеп беше зафатен со невреме од пороен дожд, ветер и електрични празнења .

Поројниот дожд ќе продолжи кон крајот на денов со локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

И за наредниве денови УХМР најавуваат нестабилно време:

Во следните денови ќе се задржи топло време, а во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Многу книги малку читачи – Со цвет и книга одбележан Светскиот ден на книгата- Прилеп

Елизабета Филипоска

Посебен режим на сообраќај за Илинден кон Крушево

Елизабета Филипоска

Стартува откупот на тутунот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе