16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“- Прилеп каде се учи за можностите на економијата – крвоток на опшеството

На Отворениот ден СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“- Прилеп на идните средношколци им ја раскажа приказната за можностите кои ги нуди училиштето со своите програми и за иднината која би ја имале оние кои би ги избрале економските струки. „Економијата е крвоток на опшеството. Без неа нема да функционира ниту една институција,пошта,банка, училиште, фонд за пензиско и здравствено осигурување, судство, опшествени и приватни компании… “ го започна своето раскажување директорката Христина Николоска за улогата и важноста на овие профили во заедницата

Струките што ги нуди нашето училиште, велат СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“- Прилеп, познато повеќе како економско училиште, се барани на пазарот на трудог: Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, Економски техничар/бизнис администратор, Економски техничар (ДУАЛНА паралелка) во соработка со компании и месечна стипендија од 3,500.00 ден за секој ученик; правен техничар, продавач – референт за продажни услуги / асистент деловен администратор кои е исто така нуди   стипендија од 3,500.00 ден, а учениците одат на практична настава во реални комапании.

Училиштето располага со современи училници кои ги задоволуваат денешните потреби за изведување настава со користење нагледни средства и ИТ-технологија, изучување на Е-маркетинг, има активна младинската организација, одлична соработката со невладиниот сектор и меѓународни едукативни организации преку кои се врши  размена на искуства и знаења и голем број вон-наставни активности во кои учествуваат ученици, што го прават богат и квалитетен средношколскиот живот. И, токму на отворениот ден нивен гостин беше Мите Стоилов, кој претставуваше вистинско изненадуање за сите оние кои го посетија отворениот ден .

 

КОИ  СЕ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ?

Би можело да ве интересира

Учење вештини преку игра и натпревар – и врзувањето врвки на патики се совладува лесно!

Пела Редакција

Дали подрачното ООУ „Добре Јованоски“ е безбедно за учениците?!

Елизабета Филипоска

(Видео) Отворен ден во СОУ “Ѓорче Петров“ – Како од ученик да се стане стручњак

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе