8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Со еден гол РК Прилеп поразен во Автокоманда

Тимот на РКПрилеп лавовски се бреше ,но не успеа да ги освои бодови на гостувањето кај новиот суперлигаш во Автокоманда, кој славеше на крајот со 31-30. На полувреме ниту една од екипите немаше предност, 15-15.

Како заврши првиот, така продолжи и вториот дел од мечот, но по 19-19, домашните направија серија од три гола за 22-19, а ракометарите на Прилеп не се откажа и успеаја да казнат две грешки на домашните за 23-22.

Црвен картон добива Омерагиќ, поради опасен старт, но тимот од Автокоманда продолжи да напаѓа и речиси во последната секунда домаќините погодија преку Јорданов за краен резулт 31-30

Кај прилепчани најефикасен беше Цветаноски со седум гола, а Рајатовски даде шест. Голманот Ацевски собра десет одбрани. Најдобар стрелец кај победничкиот тим беше Омерагиќ со девет гола, а Јорданов постигна седум, додека голманот Василевски имаше 13 одбрани.

Би можело да ве интересира

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Крстески : Психичката и физичката подготовка е најважна за максимумот во професионалниот бокс (ВИДЕО + ФОТО)

Официјално: Илија Несторовски е нов играч на Славен Белупо (ФОТО)

Никола Димески

РК Прилеп на подготовки во Србија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе