29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

OOУ Кочо Рацин : Песни , рецитали и драматизација по повод празникот 11 Октомври (ФОТО)

На еден несекојдневен но едукативен начин низ песни , рецитали и драматизација на могилата на непобедените  , учениците од ООУ Кочо Рацин ја одбележаа 82 годишнината од започнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор.На различни теми поттикнати од минатото . прилепските основци се претставија со најразлични точки на овој интегриран работен ден чија цел е преку вакво одбележување да се научи многу повеќе за минатото на својата земја и како треба да се сака својата татковина.

Рециталот “Октомври” , музичко сценската изведба “Земјо моја” , драматизацијата “Прилеп ја пишува историјата” како и музичко сценската изведба “Заветна”беа дел од чествувањето на празникот 11 октомври , кое учениците денеска го пренесоа со голема гордост и почит и кон оние кои загинаа за денешната слобода.

Покрај овој интегриран ден , активностите на училиштето во чест на празникот продолжуваат и со ориентационо трчање како натпревар , “Партизаните до целта ” како и со пишвање на акростих (акроним поврзан со празникот)

Би можело да ве интересира

Македонија седма во Европа со футсалците од Ристе Ристечки Ричко

Пела Редакција

Во Општина Прилеп средба со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 10Д

(Видео) Музиката повторно „зборува“ од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе