16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Фудбалски клуб од Дубаи – ТФА Елит доаѓа во Прилеп во потрага по млади таленти

Професионалниот фудбалски клуб од Дубаи – ТФА Елит, доаѓа во Македонија и ќе организира дводневни проби за млади и талентирани играчи на 4 ти и 5ти  август кои ќе се одржат на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

 

Стручниот штаб на ТФА Елит пристигнува во Прилеп предводен од спортскиот директор, Али Ел Џиши и тренерот, Фуад Хафид кои ќе изберат минимум еден, а најмногу три талентирани фудбалери кои како победници од пробите ќе отпатуваат на 30 дневна проба во метрополата на ОАЕ. Дополнително, ТФА Елит постигна договор за соработка со поранешниот двократен  шампион на Македонија – ФК Победа и клубовите заедно ќе ги организираат фудбалските проби и ќе работат на идентификување и развој на млади македонски играчи, а партнерството е опишано како „мост за соработка помеѓу ФК Победа, ТФА Елит, Македонија, Дубаи и остатокот од светот“ и дубајскиот клуб е отворен за соработка и со други македонски клубови.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Њукасл, Дени Гатри го најави настанот и отворено говореше за пробите што ги организира клубот на неколку континенти ширум светот, а пријавувањето е веќе во тек и заинтересираните играчи може да се пријават и дознаат повеќе информации на следниот линк.

„Би ги советувал играчите од Македонија или од каде и да се, да истражат и дознаат повеќе за клубот, проектот итн. бидејќи слушаме секакви приказни за измами во фудбал и тоа е одвратно. Но, ТФА Елит веќе има долга историја со проекти како овој кои се успешни и клубот е доследен на своите зборови и ветувања, без разлика дали станува збор за датуми, место или за победниците кои доаѓаат (во Дубаи) и добиваат професионални договори“ – изјави Гатри кој има забележано 103 настапи во англиската Премиерлига.

Англичанецот по завршувањето на играчката кариера влезе во тренерските води и сега, Гатри е перспективен тренер кој го предводеше првиот тим на ТФА Елит во Обединетите Арапски Емирати минатата сезона, но тој нема да биде присутен на пробите во Прилеп.

„Мојот совет до играчите кои размислуваат дали да се пријават на пробите е да проверат сè што можат и ќе видат кој ветува и остварува, а кој не. ТФА Елит веќе изгради репутација да го оствари тоа што го ветува пред пробите, а дополнително, проверете ги социјалните мрежи и ќе видите како функционира клубот и дека го остваруваме тоа што го ветуваме“ – дополни Гатри, а целосното интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ може да го погледнете на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Мириса на титула за прилепските боксери од АС – прилепчани љубоморно ја чуваат првата позиција во младинската лига (ФОТО)

Никола Димески

И џудо спектакл и промоција на книгата “Поуки на големите мајстори на џудото” (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Петејчук : Го направив вистинскиот потег со доаѓањето во Победа (ВИДЕО + ФОТО )

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе