Ветија, исполнија и направија вистински спектакл шоу, за кое во Прилеп уште долго ќе се зборува. Неколку фризериски , берберски, козметичарско – шминкерски студија од Прилеп, вечерва , само потврдија дека се мајстори на својот занает, но и одлични организатори на едно невидено, интересно спектакуларно SHOW, во кое уживаа сите оние кои учествуваа, но и оние кои го посетија SHOW-то и сакаа да погледнат што всушност овој еснаф може да понуди во градот под Марковите кули. Над 200 учесници во 12 групи, беа дел од т.н „Prilep Special show“,кое траеше повеќе од 4 часа, а заврши со забава до доцните утрински часови
Темата на ова шоу беше „All around the world“ и секоја група се претстави со по една светска метропола“.Најпрвин простор им се отстапи на идните генерации, учениците од СОУ “Ѓорче Петров“- Прилеп кои потврдија дека можат да бидат идни мајстори на фризерско-козметичарскиот занает.
Стилистите од Охирд и Струга со нивните невообичаени креации од лебеди, стара архитектура, струшки моми, гостите од Скопје , Велес со метрополата, Лас Вегас, Тетово со Мексико Сити, Кичево со метрополата Њујорк и од неколку други градови од Македонија кои презентираа главно метрополи. .
А, прилепчаните, како „шлаг на торта„ најимпресивни со невидени креации од фризура,шминка и берберскиот занает, со боите на Бразил и Рио де Жанеиро,само ја поткренаа атмосферата и ја воодушевија публиката со шоуто на кое не остана рамнодушен НИКОЈ!
Минутите на прилепските стилисти, беа исполнети со самба ритамот и одлично осмислено шоу.
Овде немаше победени и победници! Сите од организаторот добија награди, бидејќи сите и беа одлични. А, остана впечатокот, на добрата организација , убавата дружба, прекраснота забава, за која уште , долго, долго, ќе се зборува во Прилеп и Македонија. Сите пееја, се забавуваа,дружеиа и потврдија дека и Прилеп може да биде центар на квалитетно SHOW и на авангардна забава.
Дел од атсмосферата на „Prilep Special show“
Зажалија само оние кои не присуствуваа!
SHOW-то имаше за цел да ја покаже умешност, квалитетот и крејативноста на прилепските стилисти, кој секодневно ја нудат својата услуга на прилепчани. Но, и да потврдат, дека и Прилеп има одлични познавачи на фризерскиот, берберскиот, козметичарскиот и шминкерскиот занает и трендовски се следи секој нов моден светски тренд за фризура, шминка и козметика ! БРАВО МАЈСТОРИ!
🎤Радио Пела Ви честита на спектакуларното Show!