3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ХОПС и ХЕРА : На Прилеп му фали Центар за лекување на зависници

Преставница од локалните релевантни институции : од  Центар за Јавно здравје Прилеп,  МЦСР – Прилеп , Здравствен дом – Прилеп, претставници од училиштата, од локалната самоуправа , преставници од аптеките, волонтери – зависници , медиуми.. беа  дел од трибината  за едукацијата во рамките на проектот „Институционална поддршка и сензибилизација на локалното население за Програмите за Превенција од ХИВ“ која се одржа во Црениот крст-Прилеп.

За Искуства од координацијата со НВО-ии кои се дел од Националната Платформа за ХИВ  зборуваше претставникот од НВО ХЕРА,  а претставникот од Националната платформа за ХИВ  и претсавник на невладината ХОПС, Христијан Јанкулоски ја посочи важноста од превенција и активно вклучување на сите релевантни субјекти во локалната заеднциа, но и  воспоставување и  зајакнување на програми за превенција на ХИВ  на локално ниво. Целта е да се подигне свеста кај популацијата ,во семјството, со институционална порддршка на локалната самоуправа и здавствените организации, вклучувајќи го тука ОО на Црвениот крст во борбата за превенирање и поддршка на лицата кои употребуваат дрога, нивна ресоцијализација и рехабилитација.

„ Она што му фали на градот Прилеп е Центар за лекување  на зависници. Граѓаните завивисници од Прилеп патуваат во Битола во Кавадарци. Она што треба да го побараат локалните власти, од централната власт е да им овозможат и човечки и просторни капацитети за лицата зависници, бидјеќи во рамките на Минстерството за здравство постои програмата за лечење од болестите на зависности, која оваа година има приближно 60/70 милиони денари. Имате и стручен кадар,во болницата во одделот за психиатрија,само поребна е малку повеќе војлја ,да се отвори ваков Центар да овие лица да не патуваат секој ден за третман во Битола или Кавадарци.“ – Јанкулоски

Поради немањето на вакви центри и несоодветниот третман често пати доаѓа до губење на млади човечки животи од предозирање.

 

„Од друга страна тоа е поддршка за семејствата. Лице ставено на лекување е најевтино во однос на лице кое треба да оди во затвор, лице кое треба да оди на судски постапки, полициски постапки. Се спасува човечки живот, лицето се социјализира, се рехабилитира, а потоа се вклучува во општеството и да помагаи придоенсе  во заедницата во која што живее“, додаде Јанкулоски.

Црвениот Крст во Прилеп со превентивна програма на овие лица работи од 2006 година. Досега биле евидентирани 250 зависници, но нивниот број е далеку поголем. Односно 306 злопотребувачи на дрога ,но тука се вклучени и оние кои дилерат до дрога вели психолотот Марија Ангелеска

„Во последно време имаме голема промена во однос на земањето на психоактивни супстанции, додека порано кога започнавме главно беше хероинот. Сега е веќе злоупотреба на медикаментозна терапија, антидепресиви, психотици и слично. Кои во комбинација претставуваат многу голема штета заедно со некои синтетски дроги. Мора тука системски да се решава оваа проблематика, да имаме слух сите институции, бидејќи сепак се работи за наши граѓани и тоа не е само индивидуален проблем, туку пред се социјален проблем, страда цело семејство, страда цело општество. Имаме комплетно дисфукнционализација на личноста како единка, па се до социјално битие“, потенцираше Марија Ангелеска, Црвен Крст Прилеп.

 

Поради немањето соодветни центри за едукација на овие лица, ако порано тие користеле најмногу хероин ,сега енормно е зголемена употребата на антидепресиви, психотици и аналгетици кои  штетно делувале врз организмот и затоа се почесто доаѓало до ампутација на екстремитети или смрт.

 „Особено е ризично ако земаат сам по сам тогаш не можеш да интервениираш за предозирање. Само последниот месец имаше 2 смртни случаи на млади лица. Соработка со Центарот за јавно здравје имаме преку тестирањето за ХИВ и при едукација на младата популација, во училиштата, сега и со факултетот. И тие едуцираат и ние, во соработка со полицијата како превентивни мерки, но мислам дека е потребно системско решавање на ова прашање“, истакна Ангелеска.

Зависноста од дрога и ХИВ се често пати поврзани токму поради тоа што вирусот на ХИВ може да се пренеси преку заедничка употреба на шприцеви и прибор кои ги употребуваат зависниците. Првиот случај на ХИВ во Македонија е регистриран 1987 година, а досега има регистрирано над 400 случаи. Се уште се видиме како земја со ниска стапка на заболени од ХИВ. Поради превентивната програма на Црвениот крст, бесплатното делење на шприцеви скоро и да не некој зависник заболен од ХИВ по ваков пат.

Во Македонија првиот случја е регистриран 1987 год.во Прилеп и досега има над 400 случаеви заболени од ХИВ.  Македонија се вбројува во земја со ниска ставка на ХИВ, за ралика од земјите од регионт. 14 години постоеше меѓународно финансирање од  Глобалниот Фонд за борба против туберколоза, СИДА и маларија, а кога заврши финасирање Владата на Р.Македонија имаше должност да ги преземи овие програми ,од 2018,со финаирање од нејзиниот буџет за заштита на населението од ХИВ/СИДА, со буџет од 47 милиони денари, кој вклучува превенција поддршка на ранливи групи, поддршка на локалните институции кои работат на ова прашање и третманот со антиретовирусна терапија.  Првенитните актививносие сеуште ги спроведуваат НВО во 14 градови, а првенциата опфаќа најразлични активности,за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ.

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Зошто е затворен тротоaрот кај турската бања?

Елизабета Филипоска

Маскенбал по повод Денот на шегата во Крушево

Гордана Цветаноска

Mотор удрил во автомобил, двајца тешко повредени

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе