21.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Изложба на Милко Нестороски, ќе биде отворена вечерва во Прилеп

„Сувенир“ е насловот на изложбата која вечерва од 18.00 часот ќе биде отворена во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Нестороски е роден во 1994 година во Струга, а дипломирал сликарство со модул сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. м-р Благој Маневски.

За време на студиите и по нив учествувал на повеќе групни изложби, конкурси, работилници, проекти и перформанси во родната Струга и во Скопје. Тој е организатор на првата „Треш-арт колонија“ во Македонија одржана во рамките на Фестивалот за процесирање култура „ДРИМ-ОН“.

 

 

Би можело да ве интересира

ОД ДЕНЕСКА ДО 15 МАРТ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА Е ЗИМСКА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА

Тутунарите крајно револтирани: исплата на субвенции или протести!!!

Македонија испушти триумф против Велс – а колку убаво го искористивме киксот (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе