3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денеска Прилеп го одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

Пред девет месеци Прилеп го отвори првиот Дневен Центар за деца со церебрална парализа и со тоа тој стана вториот град во Македонија кој има дневен центар за деца со церебрална парализа. Во него, моментно се згрижени 25- лица, а Прилеп е горд на проектот за инклузија на овие лица

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски апелира до родителите да ги вклучат лицата со церебрална парализа во Дневниот центар заради нивана инклузија во опшеството и можност за едукација и социјализација:

„Најдовме начин како овие деца да се згрижат ,социјализираат, интегрираат и да се едуцираат. Во иднина ќе правиме напори и ќе ги искористиме сите можности за зголемување на капацитетите за децата со посебни потреби. Со промената на ДУП, кој е во тек, каде треба да се направи основен проект за изградба на деттска градинка, треба , доколку е можно, да се внеси и дневен центар за деца со посебни потреби, бидејќи нашиот град навистина има потреба од вакви центри “- истакна Јованоски

Родителите кои ги носат децата во Дневниот центар за деца со церебрална парализа велат се задоволни од грижата и социјализацијата на децата. Центарот  функционира како дел од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

За овој проект, Општина Прилеп инвестираше над 4 милиони денари, а Министерството за труд и социјална политика од својот буџет за годинава обезбеди 1,8 милион денари за адаптација на просторот и дополнителни 380 илјади денари за набавка на опремата. Исто така, МТСП обезбеди финансиски согласности за вработување на потребниот стручен кадар. На почетокот во Центарот се ангажирани 7 лица.

 

 

Би можело да ве интересира

Задушница – молитва за упокоените, Духовден – роденден на Црквата

Пела Редакција

Се укинува забранат-од денеска македонското коскесто овошје ќе патува на рускиот пазар

Елизабета Филипоска

За „Спас за Прилеп“, в понеделник, протест и блокада кај Заполшки мост

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе