3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2017„

Екипите на „Полициска станица Прилеп“ и „Коњска сила“  го отворија традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2017 “,во организација на „Локалниот спортски сојуз- Прилеп“, поддржан од Општина Прилеп и  компанијата Комфи Ангел,која неколку години со ред е главен спонзор на  турнирот.
Овогодишниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2017“ за  отворен го прогласи градоначалникот на Општина Приел,г-н Илија Јованоск, .кој нагласи  дека локалната самоуправа ќе ги поддржува сите видови спортови.

На турнирот ќе настапат 43 екипи. Од нив 33 екипи се во сениорска категорија, 11 екипи се пионери и 9 екипи ветерани. Во најсилната категорија, сениори, има учесници од Скопје, Битола, Гостивар, Велес, Богданци и Охрид. Сениорите ќе се натпреваруваат за награден фонд од 160.000 денари, обезбедени како награда за првото место. Второпласираните добиваат награда од 90.000 денари, а за третото место се обезбедени 60.000 денари.

Од „Локалниот спортски сојуз Прилеп“ уште еднаш упатија апел до компаниите да бидат донатори на овој хуманитарен турнир, бидејќи собраните средства  ќе бидат наменети за отворање центар за деца заболени од церебрална парализа.
Влезот за публиката до осминафинале е бесплатен,  а потоа ќе се наплаќа симболична влезница од 50 денари.

Би можело да ве интересира

Водоснабдување за жителите од крушевското село Пресил

Елизабета Филипоска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (63)

Пела Редакција

ТеаАндреа/ХајфКафе победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе