16.3 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Крушево ќе го развива авантуристичкиот туризам со поддршка на ЕУ

Општина Крушево, е дел од Проектот локална и регионална конкурентност, под-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, програма ИПА 2 на ЕУ. Општината во соработка со Светска Банка и канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања, набави мини бус за превоз на нaтпреварувачите на меѓународните натпревари во параглајдинг кои секоја година се одржуваат во Крушево.

edh

Во саботата возилото марка Фиат Дукато мини бус 2.3 пристигна во Крушево. Примената на проектот за развој на туризмот опфаќа и реконструкција на спортската сала која што е во тек. Претставници на општината изминатиов период посетија два меѓународни саеми, а изработени се промотивни материјали за посета на Крушево како дестинација. Активностите кои се реализираат во отпочнатите проекти имаат единствена цел да се поттикне посетеноста на Крушево како туристичка локација . 
Покрај реконструкцијата, спортската сала во Крушево ќе добие и проширување на нејзината намена за потребите на рекреативците и спортистите, особено за странските гости кои ги има во голем број за време на меѓународните натпревари.

Би можело да ве интересира

Македонското земјоделство остана без заштита од градоносните облаци

Сoвремени театарски осврти-новообјавена книга на Звонко Димоски

Пела Редакција

Државна помош за ВИК во ТИРЗ Прилеп, за вработување на 100 лица

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе