16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ГАЛЕРИЈА) Снежно Крушево полно со туристи, проодни улици во градот и селата

Во Крушево за последниве 24 часа паднаа дополнителни 52 см снег. Но, за љубителите на зимските спортови и чистиот здрав воздух овој викенд тоа е само поголем предизвик. Најважно е дека сообраќајот во градот и населените места се одвива неотежнато. Како што велат од Локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие деновиве се постојано на терен во расчистување на улиците во градот и населените места.
Во текот на вчерашниот ден и ноќта екипите работеа во градот Крушево, каде што беа исчистени и проодни повеќето улици, а денеска активностите се насочени кон населените места Белушино, Борино, Саждево и Јакреново со асистенција на Општина Долнени.
Исто така, исчистен е патниот правец од местото Стопанство до населеното место Норово, а директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески најави дека се продолжува со работа на потегот од селото Врбоец кон селото Бучин.
„Вчера и синоќа се работеше на улиците во Крушево, а од рано утрово сме на терен во Белушино, Борино, Саждево и Јакреново. На крај го исчистивме и патниот правец Стопнство – с. Норово, а ќе се пристапи кон чистење и посолување на делот од с. Врбоец до с. Бучин.“, изјави директорот Наум Илиески.
Покрај навременото зимско одржување на улиците, град Крушево и скијачките терени се полни со гости од цела Македонија, што секако е на задоволство на љубителите на природата и спортот.

Би можело да ве интересира

Изложба на дигитални фотографии „Божури“ на Темелкоски

Прилеп има 6 случаи на заболени од коронавирус

Футсал екипата од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ не избори пласман во полуфинале на Европско

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе