10.4 C
Прилеп
четврток, 27 март, 2025
Пела Радио

Кои беа најдобрите состави по повод патрониот празник на градот?!

Ерика Јованоска од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ја доби првата награда за напишан расказ на конкурсот што го распиша Општина Прилеп, во соработка со основните училишта, по повод патрониот празник на градот, на тема ,„Хуманоста – темел во меѓучовечките односи“. Второто место го поделија учениците, Иван Танески и Борис Ночески, од ООУ „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“, а третото место ѝ припадна на ученичката Матеа Стојаноска од ООУ „Рампо Левката“.

Наградените творби ги селектираше Комисија од 5 члена : м-р по филолошки науки во областа на македонскиот јазик, Јулијана Талеска од ООУ „Климент Охридски“, дипломираниот филолог по македонски јазик, Сузана Николоска од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Наташа Кулеска од ООУ „Кочо Рацин“, дипломиран професор по македонски јазик и два члена од Општина Прилеп, Снежана Ристеска, советник за култура и Марија Ташкоска, соработник – кореспондент.За сите ученици,Општината предвиден награди: ќе добијат книги, дипломи и парични средства. Првонаградениот ученик ќе добие 3.000 денари, второнаградените по 2.000 денари и трета награда изнесува 1.000 денари, средства кои ќе се издвојат од буџетот на Општина Прилеп, наменет за развој на образованието

Би можело да ве интересира

Прилепчани нема да престанат со блокади – камионите Бехтел и Енка активирани

(ВИДЕО) Радио Пела го предизвика интересот на светските медиуми

Гордана Цветаноска

Воведена делумна забрана за движење во шуми, за непочитување казните се од 1 500 до 2 000 евра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе