Членовите на Leo Club за хуманитарни активности-Dream Team – од ДЕЦА за ДЕЦА ,Лајонс клуб – Прилеп ,в сабота, на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“-Прилеп, организираат музички хуманитарен настан, наменет за сите хумани луѓе и за сите кои се чуствуваат млади.На својата facebook страна тие напишаа:
„Младите навистина се двигатели на едно општество. Но, не сите млади,туку млади исполнети со ентузијазм, желба, амбициозност, храброст да преземат чекор и да предизвикаат промена. Деца исполнети со креативност, жар кој стреми кон создавање на подобро утре за сите нас. Членовите на Leo Club за хуманитарни активности-Dream Team – од ДЕЦА за ДЕЦА се дел од тие млади. Овој Велигден, оваа Велика Сабота, по четврт пат ќе се случува Сплотени во Хуманост. Музички настан од хуманитарен карактер кој има за цел да покаже дека децата со ретки болести во Прилеп се еднакви како и сите нас. “
Музички настан има за цел да допре до сите , да потсети дека сме луѓе, хумани луѓе , кои треба да се грижат едни за други и да бидат сплоти во намерата меѓусебно да си помагаат. Предвидено и учество да земат голем број на домашни музичари и музички групи. Настанот е поделен во два дела. Првиот е со почеток од 10,оо ч. до 17,оо ч ,а вториот дел е после полноќ до 03,оо часот.
„Од името на сите кои на свој начин придонесоа за реализација на четвртото издание на “Сплотени во Хуманост”, од името на сите членови во клубот, ве покануваме да и вие земете учество во овој настан.#ЈасСумХуманБидиИТи ❤“ – напишаа младите од Leo Club -Прилеп, чии настан го организираат со поддршка на локалната самоуправа и Лајонс клуб – Прилеп.