11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Давкова во Прилеп: Премиерот мисли дека Преспанскиот договор е доволен за ЕУ. Реформите во судството се клучен елемент за членство

Кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на попладневната средба со Прилепчани,  денеска, на Денот на трудот , барајќи ја нивната поддршка на 5 мај, истакна дека независното судство е клучен услов за демократска држава, но и еден од најважните сегменти се  реформите

Премиерот и луѓето околу него мислеа дека Преспанскиот договор е доволен, да биде алиби во барањето за почетокот за преговори. Ние се повикуваме на владеење на правото и на правдата оти без тој услов нема почеток на преговори, ниту евроипеизацијата. На премиерот му требаше ветување во функција на изборите и изборниот резултат, а не во функција на градење на независно судство во Македонија. Тоа е македонската реалност, ама тоа е и сериозната порака, не само од Франција, Холандија и од Данска, сериозно да се зафатиме со реформи. Факт е дека од сите страни слушаме дека се уморни оние кои не гледаат нас како идна членка на ЕУ, од политичари кои глумат демократи, кои немаат капацитет за реформи, кои мислат дека е доволно да склучите договор, а се друго да биде заборавено – изјави кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, попладнево во Прилеп

Би можело да ве интересира

Реакција : Пачешкоски,колку странски или домашни инвестиции се реализирани во Прилеп?

Гордана Цветаноска

Петкоски: Прилеп со сигурност ќе доживее повторна преродба со реализација на ветените проекти!

Кадровските решенија тема на опозицијата и власта во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе