12.3 C
Прилеп
четврток, 24 април, 2025
Пела Радио

Секоја капка крв е важна!

Локалниот клуб на млади при Општинската организација на СДСМ Прилеп ,во своие простории, ја организира традиционалната 16-та по ред крводарителска акција „Дарувај крв, спаси живот“.Во оваа традиционална крводарителса акциата  која е во соработка со екипте на трансфузиологија, се собра 55 единици крв.

“Горди сме на оваа активност, бидејќи од година во година наидуваме на се’ поголем одѕив од страна на граѓаните.  Потребата од крв за болните и повредени е секојдневна. Затоа сметаме дека секоја капка крв е важна, исто како што секој човек важен. Солидарноста и хуманоста се два основни столбови врз кои социјалдемократската младина ги темели своите политики. Ги охрабруваме сите граѓани на Прилеп, да бидат хумани, да даруваат крв, а со тоа да спасат нечиј живот. Со оваа хуманитарна акција даваме пример до сите млади луѓе, дека треба да помагаат и да даруваат од срце “ – истакнаа од локалниот клуб на млади при ОО на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Викенд сообраќајни контроли-најмногу казни за брзо возење

За 15 % поскапе осигурувањето за регистрација на возилата – АСО вели не е оправдано

Елизабета Филипоска

20 -сет Прилепчани го носат вирусот на ХИВ/СИДА

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе