23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Викенд сообраќајни контроли-најмногу казни за брзо возење

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (28.02,01/02.03.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата . Притоа, вкупно биле издадени 292 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени биле 68 платни налози.

Според статистичките показатели од вкупно 1307 исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 111 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –24 како и 7 возачи кои што управувале нерегистрирани возила. Покрај ова изречени се и 13 мерки по основ на говорење на мобилен телефон при возење, како и 36 мерки за  непрописно паркирани возила. Исто така кај 22 возачи  констатирано е присуство на алкохол при што истите се отстранети од сообраќај. Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи, стои во известувањето од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Пустец се солидаризира со своите сограѓани погодени од разорниот земјотрес

И,прилепчани денеска се вклучуваат во протестите низ земјава поради покачувањето на струјата

МВР апелира на претпазливост во комуникацијата со непознати лица!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе