5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ДИК: Обработени 100% Кривогаштани, Новаци и Могила предност на Давкова, Долнени победа на Пендаровски

По обработени 100% од гласовите во четирите пелагониски општини Кривогаштани, Могила, Новаци и Долнени ваква е состојбата од вториот круг од претседателските избори:
Во најмалата општина по територија Кривогаштани гласале вкупно 3101 гласач, од вкупно 4 682 во избирачкиот список, при што е забележана излезност од 66,23%. За претседателскиот кандидат Гордана Силјаноска Давкова гласале 1 728 или 55,72% наспроти 1277 или 41,18% за Стево Пендаровски.
Во Могила каде се регистрирани вкупно 5 286 гласачи од кои своето право на глас го искористиле 3273 (61,92). Гордана Силјаноска Давкова е во предност пред Пендаровски со точно 600 гласови, односно 1902 гласа наспроти 1302.
Во Новаци најмалата општина според бројот на гласачи, вкупно 2961, остварена е излезност од 68,42, а своето право на глас го искористиле 2 026. Од вкупно 100% обработени податоци за оваа општина резултатот е 1 067 за Гордана Силјаноска Давкова наспроти 881 за Стево Пендаровски, или 52,67% наспроти 43,48%.
Во Општина Долнени од целосно обработените податоци за вториот круг од претседателските избори кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски оствари убедлива победа, со повеќе од двојно гласови во своја корист пред кандидатот од ВМРО ДПМНЕ. Имено, за Пендаровски гласале 3 508 (67,97%) наспроти 1 496 за Давкова (28,99%).
Во останатите општини од пелагонискиот регион сеуште се обработуваат податоците. Засега, според ДИК со над 80% пребројани гласови Пендаровски е во тесно водство во Битола и во Крушево, а Давкова е во предност во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Од Прилеп регистрирани се нови 5 случаи со Ковид 19

Гордана Цветаноска

Македонците во Австралија на 8 ми септември ќе протестираат

Гордана Цветаноска

Да не се „летаат„ дронови кај пожарите – Состојбата со пожарите прилепско

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе