9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Уште еден убедлив пораз, Победа – Шкендија 1:4

Со убедливи 1-4 Победа се врати од Кочани каде беше домаќин на натпреварот со шампионот Шкендија. За фудбалерите на Шкендија 23-та победа, а за Победа идентичен број на порази.
Уште од почетокот на првото полувреме со офанзивната игра на гостите победникот беше повеќе од познат. По само 12 минути игра резултатот беше 2 гола предност за Шкендија, а првите 45 минути завршија со високи 1:3.
Победа во вториот дел имаше можност да намали по досудениот пенал, но Макота биеше високо над голот и резултатот остана непроменет. Офанзивната игра на Шкендија резултираше со конечни 1-4 во 54 тата минута со гол на Бериша.
Победа наредното коло гостува во Скопје кај Вардар.

Би можело да ве интересира

Деспина почна без Гичева и Боризоска

Гордана Цветаноска

Победа на ЖРК Деспина над ЖРК Спартак

Елизабета Филипоска

Победа поразена во Струмица

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе