13.6 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Во долненско, автомобил излетал в канал – возачот тешко повреден!

Кај долненското село Браилово , на локалниот пат, меѓу селата Браилово – Долнени, возач е тешко повреден, кога со возилото излетал во одводенот канал. Според полицијата, несреќата се случила вчера, на локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица „Браилово“.

Возилото „форд галакси“, без регистарски ознаки, управувано од Д. В. (45) од село Сенокос, Прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д. В. добил тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата “Борка талески “ – Прилеп, каде што му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилепчанка тешко повредена во сообраќајка

Гордана Цветаноска

Во Битола и Охрид фатени на дело двајца прилепски крадци

Гордана Цветаноска

Три лица повредени во директен судар на возила на патот Прилеп – Крушево кај с. Мало Коњари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе