14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Сообраќајка на 20 км од Плетвар, двајца повредени

Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар. Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.
Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9.50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу камион и автомобил. Повредените не се во животна опасност.
Сообраќајот на превојот Плетвар е затворен за сообраќај, затоа што полицијата врши увид по случена сообраќајна незгода.
„Од 11:15 часот патниот правец Кавадарци – Прилеп пред преминот Плетвар е затворен поради вршење увид од сообраќајна незгода.“, велат од АМСМ.
Во текот на денот, МВР се очекува да соопшти детали за незгодата.

Би можело да ве интересира

МВР: Украдени 108 шишиња масло од канабис и шест кеси со иглички од цвет од „5 летерс“ кај Алданци

Изгоре плевна со 600 бали тутун во с . Норово, крушевско. Материјалната штета проценeта на 15.000 евра

Елизабета Филипоска

Утрово, тешка сообрјаќајка на ул. „Леце Котески“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе