5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Во ек расадување на тутунот, а површините се намалуваат?

садење тутун

Тутунопроизводството од новата реколта се наоѓа во втората фаза – расадувањето, кое од почетокот на месецов се одвива со зголемен интензитет во прилепско. Земјоделците се принудени да се прилагодуваат на нестабилните временските прилики од променливо време проследено со дожд.
За прилепскиот регион лани беа издадени 10.300 евидентни листови, а тутунот беше засаден на околу 6.500 хектари. Годинава се издадени околу 11.000 евидентни листови и се очекува тутунот да се засади на повеќе од 7.000 хектари, секако доколку дозволат временските прилики. Но, од тутунските здруженија велат дека количините на произведен тутун паралелно со површините константно се намалуваат од година во година.
– Младите се исселуваат, или пак работат во фабриките – странски капитал, така што површините под тутун се намалуваат. За Прилеп овие 3 години од 5 мил, и 200 илјади кгр производството падна на 3 милиони и 900 илјади кгр тутун. Овој ориентален ароматичен тутун од 35 мил. кгр паѓа на 25 милиони, а оваа година верувам дека ќе биде под 25 мил. кгр тутун, вели Данчо Милески претседател на Здружението на тутунопроизводители „Мице Козар“ Прилеп, кој додава дека измените во Законот за тутун со кој евидентниот лист се укинува е за поздравување, зашто ќе се намалат обврските на тутунарите за прибирање на документација.
Во Македонија околу 70 отсто од површините засадени со индустриски култури отпаѓаат на тутунот. Од вкупниот извоз во земјоделството, тутунот учествува со 43 проценти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Празници се ближат! Како да направите најдобра забава или свадбена веселба?!

Пела Редакција

Солидарност за Денот на тутунските работници во Комбинатот

Белиот Сивец мермер сеуште највисоко котира по својот квалитет во светот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе