3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушево во чест на Васил Иљоски направи манифестација за паметење

Викендот што измина, (31-ви мај и 1-ви јуни,) во Крушево  се одржа драмскиот фестивал „Вечери на Васил Иљоски“ со промоција на брошурата „Крушевчанецот Васил Иљоски“, наградување на 3 најдобри есеи за животот и делото на авторот и настап на учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и НУ Народен театар – Битола.

На отворањето на настанот се обрати градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој го означи почетокот на фестивалот и порача дека намерата на општината со овој настан е повторно да го воздигне името на Васил Иљоски. Тој притоа им ги додели дипломи на Марија Петроска, Петрина Станковска и Марија Стојаноска, победници на конкурсот за најдобар есеј, а локалната самоуправа додели и парични награди за овие најдобри ученички.

Професорот од средното училиште во Крушево ја промовираше брошурата „Крушевчанецот Васил Иљоски“ и претстави изложба со драмските претстави изведувани по темите на кои работел крушевскиот книжевник.

На настанот, како и минатата година, присуствуваше и правнуката на Васил Иљоски Иванка Иванова која се заблагодари за организацијата на овој настан и испрати пораки за љубов, поддршка и разбирање.

 

 

Директорката на СОУ „Наум Наумовски Борче“, која е дел од организацијата на фестивалот, во своето обраќање се заблагодари на присутните, на своите  учениците кои активно се вклучија во организацијата во чст на  драматругот Иљиодки, но со посебен пиетет се обрати кон  внуката на Васил Иљоски за нејзиното присуството на оваа манифестација .

„Велам големо „благодарам“ затоа што вашето присуство за мене значи за почит кон нашите напори да го направиме животот побогат ,значи желба за соработка во интерес на промоцијата на делата на нашите предци, значи потврда дека нашата идеја е, благо речено, добра идеја.“, порача директорката Миленковска.

Иванка Иванова се заблагодари за организацијата на овој настан и испрати пораки за љубов, поддршка и разбирање.На социјалните мрежи ,таа за настанот во чест на најзниот дедко ,посебно и се заблагодари на Миленкоска и на учениците од СОУ „Најм наумоски Борче“  ,кои изведоа престава токму од нејзиниот дедо.

 

Вториот ден од манифестацијата се одржа во дом на култура „Наум Наумовски Борче“ со претставата „Последната ноќ“ на НУ Народен театар – Битола.

Би можело да ве интересира

Нов прекин на струјата во одредени делови на градот

Пела Редакција

Грипот зема замав

Елизабета Филипоска

Горивата поскапуваат од полноќ

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе