30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Граѓаните да не наседнуваат на лаги, полицијата ја гарантира безбедноста

Граѓаните да не наседнуваат на лаги, полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните, посочуваат од СВР Битола.

“Во врска со лагите кои од страна на неодговорни поединци се шират по социјалните мрежи за наводнo киднапирања во Прилеп, СВР Битола ја известува јавноста дека станува збор за класично ширење на невистини со цел да се вознемират граѓаните. Нема никакво киднапирање ниту во Прилеп ниту било каде во државата. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лаги. Полицијата ја гарантира безбедноста на сите граѓани. Против лицата што шират лаги со цел да предизвикаат паника, во координација со обвинителството, ќе бидат преземени соодветни мерки” стои во соопштението од СВР Битола .

Би можело да ве интересира

Прилеп не се предава, 65 новозаразени

Добра вест!Во Прилеп нема заболени од мали сипаници

Неданоски од Спасителната служба Златоврв:„За овој 21-ви век Е ДОСТА! ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ЗА НАС НЕМА ЦЕНА!БАРАМЕ ОДГОВОР И ОДГОВОРНОСТ!„

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе