8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

(видео) НизТриумфалната капија во Скопје “еурокомпозитовци“ без триумф

„Еурокомпозит“ повторно на штрајк пред Влада.  Голготата на работниците на “Еуркомпозит“- Прилеп прогласени технолошки вишок  продолжува.

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/2242471462501557/

 

Со транспарент од гранскиот синдикат  Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), поминувајќи пред триумфалната капија во Скопје ,тие  мирно протестира со придружба на МВР.

https://www.facebook.com/radiopela/videos/337171186957130/

 

Утрово бараа прием во Владата и нагласија дека овој пат не заминуваат со  шаторите и транспаренти, се додека нивното прашање не биде решено ,бидејќи,како што велат тие  „повеќе пати било излажани“ , а нивното прашање одложено  .

 Иницијативниот одбор на работници на Еурокомпозит прогласени како технолошки вишок, 154 -ца, бараат да им се исплатат 16-те заостанати плати, придонесите и дел од отпремнината, која им е исплатена само делумно..Им беше ветено линеарно да  им се исплатат по 50.000 денари отпремнина, но едната рата компнијата им ја исплати, а остатокот, беше најавен, за два до три месеца, ветување дадено од раководството на компанијата, декември 2018 г.

При псоетата на Прилеп на Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев (4 април 2019 год.) рабоницте оставраиј  средба  и добија ветување дека наскоро нивните проблеми ќе бидат решени. Беше потенцирано дека за компанијата веже се има наједно двајца инвеститори, но до ден денес Еурокомпозит нема инвеститор .

Во прилепски „Еурокомпозит“  и оние кои останаа на работа ,60-тина  работници , и оние кои  заминаа како технолошки вишок – ниту на едните, ниту на другите не им се исполнети ветените барања. “Еурокомпозит“,која е во држава сопственост 100%, им должи на своите работниците над 700/800 илјади евра и има околу 2 милиони евра други обврски.

Би можело да ве интересира

На стартот на откупот на тутунот заменик министерот Ристески во посета на Тут-Ком

Пела Редакција

Напорен период, но совладан! Комфи Ангел подготвени за нови работни предизвици во наредната, 2021

Елизабета Филипоска

Новинарите и еколошките активисти едногласни против злупотребата на рудното богатство

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе