7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во прилепско поднесени близу 2 000 барања за земјоделски субвенции

Рокот за поднесување барања за субвенции за 2019 година е продолжен до 30 јуни,при што во дополнителниот период земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство, и тоа за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица.
Во подрачната единица на министерстовото за земјоделство во Прилеп која ги покрива 3 те општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени, до денеска биле поднесени вкупно 1 980 барања, информира раководителот Зоран Пачешкоски, а до крајниот рок 30 ти јуни се очекуваат дополнителни уште 300 барања.
Барањата за добивање финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба за помош при создавање електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.
Одгледувачите на добиток пред поднесување на барањето задолжително треба да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
Сите корисници на оваа финансиска поддршка по аплицирањето и добивањето на отпечатениот примерок добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања, да ги извршат потребните корекции во рок од 30 дена од денот на аплицирањето.
Добитниците на финансиска помош не смеат да ги отуѓат говедата најмалку до 31 октомври годинава.

Би можело да ве интересира

МВР: Внимавајте-има лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи!

На две мерни места во Лагово и Алинци водата не е за пиење

Гордана Цветаноска

Физички напад во прилепско и недолично однесување, пријавени во ОВР Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе