По повод претстојните новогодишни и божикни празници, здружението на жени „Преродба“, одражаа концерт на народни и староградски песни,а астанот беше збогатен и со рецитаторски песни, напишани од членките на здружението.Инаку, Здружението „Преродба“, во јавноста е препознтливо по традиционалното учество во подготовка на посната светиниколска трпеза, по хуманите акции во собирање храна и облека за сиромашни семејства, по разни негувањето на традицијата и обичаите, но и по негувањето на народната музика и песна ,со што пејачката група од ова здржение го потврди и вечерва пред публиката која го исполни последнот место во салата на киното „Мис Стон“.
Концертот од овој тип се организира за прв пат, со надеж дека ќе биде традиционално ,иако здружението со пејачката група настапува на голем број манифестаци во Р. Македонија и надвор од неа. На коцертот , како гости учестуваа и КУД ‘Пензионер’ – Прилеп и групата ‘Сирма Војвода’ од Битола.
. “Ние како здружение ќе бидеме дел и од пречекот на Новата година, што оваа година ќе има хуманитарен карактер. Како здружение ќе дадеме и свој влог и ќе продолжиме така и понатаму, бидејќи основната мисија на здружението ‘Преродба’ се хуманитарните активности“, истакна Лилјана Ѓорѓиеска, претседател на здружение „Преродба„
Пејачката група „Сирма Војвода“ од Битола функционира под капата на Здружението на пензионери од Битола и идната година ќе одбележат 40 години постоење.
„Нашата група брои околу 25 членови. На ниво на Македонија соработката со другите пензионерски здруженија е одлична. Ние имаме една манифестација ‘Пензионерите пејат’, каде учествуваат 7 – 8 градови. Секоја година учествуваме на тие концерти. Вечерва благодарение на здружението ‘Преродба’ по повод претстојните празници, дојдовме овде на овој концерт“, истакна Борис Николески, член на пејачка група „Сирма Војвода“ од Битола.
Од КУД „Пензионер“ рекоа дека ваквите манифестации и дружења им помагаат на пензионерите полесно да ги поминуваат годините од т.н. трето и зрело доба.
„Се претставиме со 5 песни. Постоиме над 40 години, дружењето е поводот за да пееме, да ја негуваме староградстата македнска песна. Многу ни е мило што на овие средби се негува музиката и ние како личности во зрелото доба се ослободуваме за да можеме да зрачиме стабилно во нашите средини и семејства. Ја негуваме староградската музика, но пееме и новокомпонирании песни. Често пати учествуваме на вакви концерти низ целата држава“, вели Мирјана Дамчевска, член на КУД „Пензионер“ – Прилеп.
На крајот на коцертот претседателот на Женското здружение „Преродба“,Лилјана Ѓорѓиоски како добар домажин, им додели благодарници и подароци на госите – учесници, како благодарност за заедничката соработка.