5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Шести по ред Граѓански парламент, можност да се слушне гласот на заедницата

Во преполната голема сала на Општина Прилеп, вечерва, на иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски се одржа уште една неформална седница на Граѓанскиот парламент. Присуствуваа претставници на урбаните и руралните заедници од општината, од невладините организации, спортски клубови, здруженија на граѓани, како и првите луѓе на јавните претпријатија.
Најпрво, градоначалникот Јованоски ги презентираше тековните проекти, како и оние кои наскоро ќе започнат. На врвот од листата за приоритетно решавање е состојбата со Градскиот стадион „Гоце Делчев“, на објектот интензивно се работи, беше посочено, и тоа на реконструкција на двете трибини, со средства обезбедени од Општина Прилеп, додека санацијата на теренот е во надлежност на ФФМ.

Од инфраструктурните проекти кои се во тек на реализација беа посочени реконструкција на Булеварот „Гоце Делчев’, изградба на мостот кај Сточниот пазар каде по распишаниот тендер познат е изведувачот и наскоро ќе почнат градежните работи. Како еден од приоритетните проекти беше посочен и набавката на 4 нови градски автобуси на метан за потребите на јавниот градски превоз, проектот „Нови авантури, нови можности – Прилепско езеро, Заштита и делување – Маркови кули.
Градоначалникот Јованоски потенцираше дека локалната самоуправа делува и во секторот за рурален развој каде ќе се реализираат 2 проекти за подобрување на патната мрежа од Волково до домот Прилепец, како и реконструкција на патот Прилепец до манастирот Свети Никола. За прв пат за вкупно 30 села ќе се изработуваат Детални урбанистички планови.
Во фокусот и на овој Граѓански парламент беа проблемите со кои што се соочуваат здруженијата и граѓаните од целата општина, а најчесто се од областа на инфраструктурата и комуналното уредување.
Ова беше 6 ти по ред Граѓански парламент.

Би можело да ве интересира

Следува зголемување на бројот, Прилеп е во втора фаза со многу нетипични случаи на корона вирус!

Гордана Цветаноска

(ФОТО) Прилеп – раздвиженост само за пазарење, чаршијата празна

Гордана Цветаноска

БИТКАТА КАЈ НОЖОТ – 115 ГОДИНИ ОД ХЕРОЈСКАТА СМРТ НА КОМИТИТЕ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе