11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во чест на загинатите херои, одбележани 112 години од Битката кај Ножот – најкрвавата битка во историјата на Македонскот народ

 

На 14 јули 1907 година кај селото Ракле, на планинскиот врв Ножот, група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и прифатиле нерамноправна битка со многубројната турска војска под команда на мајорот Енвер беј. Јунаците од Ножот биле однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинале со херојска смрт.

 

Во нивна чест, и оваа година, преставници од граѓански здруженија од неколку градови од земјава,  граѓани, преставници на политички партии, утрово, се искачија на планинскиот врв Ножот, во близина на прилепските села Ракле и Никодин, за да поколонат  пред спомен плочата на паднатите херои

 

и да пололожат свежо цвеќе, во нивна чест , со што го одбележаа датумот, 112 години  од битката кај Ножот во која загинаа 67 комити . Битката кја Ножот една се смета за една од најепохалната битки по  Илинденското востане, која се одиграла на врвот Ножот.

 

 

 

Битката кај Ножот – најкрвавите битки во историјата на Македонија по Илинденското востание се одиграла на денешен ден пред 112 години во Прилепско.

 

Од средината на мај 1907 година четата на Тане Николов дејствувала по должината на планината Бабуна, а од јуни и 50-члената чета на Михаил Чеков и 30-члената костурска чета на Христо Цветков. На четата на Тане Николов се приклучува и прилепскиот околиски војвода и член на окружниот комитет Петар Ацев. Кон нив се упатуваат и четите на Иван Наумов и една прилепска реонска чета на чело со Мирче Најденов.

Во регионот се концентрираат нешто повеќе од 150 комити и скоро 150 лица селска полиција од околните села. Главна цел на Обединетата чета под водство на Тане Николов е чистење на селата од планината Бабуна од србоманските шпиони и конечно уништување на српската пропаганда. Србоманите од своја страна испраќаат агенти во Битола, Прилеп, Воден, Лерин, Тиквеш и Велес за да ги предадат на турските власти македонските чети во селото Никодин. По 10 јули турските војници се распоредуваат во целиот регион.

Донесено е решение главнината да се подели на неколку помали чети, кои заземат позиции околу Никодин. Распределбата била: една единица од 40 лица зазема позиција над самото село, друга од 100 лица, која ја сочинувале главниот дел од комитските сили, се распоредува на падините помеѓу село Никодин и село Содржи. Трета единица од 45 лица од Костурската чета (30 луѓе) на чело со Христо Цветков и комити од четите на Михаил Чеков и Мирче Најдов зазема позиција на скалата Ножот над селото, другите две групи (од 8 лица) комити на чело со локалните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски се сместуваат под планината Асенова глава каде треба да го чуваат патот меѓу селото Никодин и село Владиловци. Последната група се состои од четите на Тане Николов и Петар Ацев, заедно со селската милиција се височината Попадиските чукари.

На 13 јули војводите се собираат на совет. И покрај одлуката на прилепскиот градски окружен комитет четите да се повлечат, војводите одбиваат и се подготвуваат за отпор на турскиот аскер.

Утрото на 14 јули турски аскер се насочува кон врвот Ножот со цел да ги опколи комитите, a друга група турски војници од исток отвора оган во главната команда.

Комитите кои се наоѓаат на Ножот, отвараат оган по турскиот аскер. Притоа 18 комити се искачуваат и ги заземаат североисточните падини на самиот врв. Нивната позиција не им дозволува да гледаат што се случува на другите падини. Турските сили почнале да заземаат позиции околу самиот врв и да го обиколуваат.

До пладне пристигнуваат нови турски единици на чело на Енвер беј. Турска чета ги напаѓа другите 18 млади луѓе на североисточните падини, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени, што го отвора патот за силен напад на Ножот.

Со последните бомби комитите на Ножот се самоубиле. Четата на врв Асенова глава ги одбива нападите од село Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чеков и Велко Апостолов – Попадиски се повлекуваат од Попадиската река во правец на село Подлес. Со падот на ноќта четите се повлекуваат и турските војници им ја губат трагата.

По заземањето на Ножот, аскерот почнал да се изживува врз загинатите комити, но мајорот Енвер беј го запрел тоа и наредил закоп и почесен плотун во чест на храбрите борци. Телата на херојски загинатите комити, по негова наредба, се закопани во близина на врвот од локалните селани.

Би можело да ве интересира

Ни ал, ни абер од старт на реконструкција на улицата „Леце Котески“

Гордана Цветаноска

ИН МЕМОРИАМ – Почина Ѓорѓи Гешоски

Елизабета Филипоска

Девет годишно дете и неговата мајка се дел од заболените 6 лица во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе