3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп оформи Совет за превенција; присутен министерот Спасовски, опозицијата отсутна

Општина Прилеп денеска ја одржа конститутивната седница на Советот за превенција, на која што присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што нагласи градоначалникот Илија Јованоски, оформувањето на овој Совет за превенција е според одлуката на Советот на Општина Прилеп донесена пред 10 тина денови, а не како последица од актуелните случувања со подметнувањето на бомби во едно кафуле во градот. На седницата не присуствуваа советниците од опозицијата.

– Треба да направиме услови, да се ангажираат сите капацитети, за нашата Полициска станица од општа надлежност во иднина да прерасне во Сектор за внатрешни работи. Посебно ми е драго што ресорниот министер и Владата за тоа размислуваат и мислеме дека на Прилеп тоа навистина му е потребно. Во Советот за превенција има 5 постојани членови тоа е Градоначалникот, Претседателот на Совет на Општина Прилеп, раководителот на секторот за криминалистика во полициската станица, командирот на полициската станица и секретарот на Општината, а има повеќе непостојани членови од повеќе сектори, рече градоначалникот Јованоски.


На првата конститутивна седница Советот за превенција не расправал за актуелната состојба, бидејќи нема никакви официјална информација од Министерстовото за внатрешни работи. Ресорниот министер Спасовски претходно присуствуваше на работна средба во Полициската станица во Прилеп каде се разговало за актулната состојба.

– Врз основа на изнесените податоци можеме да констатираме дека состојбата во Прилеп е мирна и стабилна и дека нема елементи на нарушување на безбедноста состојба во општината и граѓаните треба да бидат спокојни.Секако перцепцијата не е добра кога ни се случуваат вакви настани, и се работи на нивно расчистување, така што ние многу скоро можеме да излеземе со информација. Се преземаат низа активности за кои се надевам дека ќе ги дадат очекуваните резултати, како и поврзаноста на овие случувања со некои претходни. Ние како тим, заедно со полициската станица и Јавното обвинителство работиме заедно, преземаме мерки и овие настани ќе се расчистат до крај. Меѓутоа, таква борба против криминалот и корупцијата мора да продолжи и во иднина, да биде интензивна и неселективна, Имаме големо подобрување во делот на активностите на полето на намалување на криминалитетот и зголемување на откривачката дејност, споредбено во однос на трите последни години, посочи министерот Спасовски, упатувајќи апел до граѓаните за поголема соработка за превенција и спречување на криминалот и корупцијата.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Ковачевски: Парите ги враќаме кај граѓаните, кај земјоделците

Пела Редакција

Сите сервисни информации за велигденската вондредна состојба

Елизабета Филипоска

Партиската трибина на СДСМ повод за прес конференција на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе