3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Одбележани 62 години од смртта на Ченто, опозицијата обвинува за лицемерие на власта

Денеска, со полагање свежо цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп, беше одбележана 62 годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.

– Тој беше првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и неговиот придонес за македонската држава ќе остане во сеќавањето на сите сегашни и идни генерации, изјави градоначалникот Илија Јованоски.
Пред споменикот на Методија Андонов – Ченто свежо свеќе положија претставници на Советот на општина Прилеп, Сојузот на борци, политички партии и здруженија на бранители.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп денеска реагираа на начинот на одбележувањето од страна на прилепската локалната самоуправа и, како што рекоа на лицемерието од власта.
– Го сменија уставното име на Република Македонија, воведоа двојазичност на целата територија во државата и тука во Прилеп, ја распродаваат најевтино македонската историја, се’ она за кое Ченто не се борел. Не само што распродаваат се’ што е македонско, туку во своите намери газат преку најголемите великани како Ченто и неговото семејство и фамилија. Како што Ченто настрадал од нивните предци, сега му ја кројат судбината и на неговиот правнук Јане Ченто, кој борејќи се за истиот идеал на својот прадедо, сега отслужува затворска казна одредена од оваа предавничка власт. На крај да запрашам, зошто се одбележува 62-годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто, без присуство на членови од неговата потесна или поширока фамилија, запраша на средба со новинарите Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Новогодишен концерт на учениците од Музичкото училиште Прилеп

Пела Редакција

Витаминка на една од најпознатите изложби за храна и пијалаци во Југоисточна Европа – Food Expo 2023 во Атина

Во пресрет на Семакедонскиот мирен протест во Канада, Македонците собраа донации од 116. 000 долари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе