9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Филмски викенд во паркот на Могила

Интересна иницијатива на асоцијацијата „Винтер Aприкот“ – да се оживее уште едно прекрасно, ама подзаборавено катче во нашиот град – амфитеатарот на Паркот на револуцијата, на Могилата на непобедените.
Филмска вечер ќе се одржи денеска, со почеток во 21 часот, во Амфитеатарот на Могила.
Како што информираат од „Винтер Aприкот“ манифестацијата долго се подготвува и ова е само прв викенд посветен на филмот со посебен избор на етнографски филмови.
-За оние кои веруваат дека секое место има душа, за оние кои веруваат дека секој човек е приказна, но знаат дека сè не се случува со причина. За оние кои се подготвени да се опуштат и да бидат пренесени во визуелното истражување на човечките разлики, треба да бидат во срцето на Могила, Амфитеатарот, вечерва, во 21: 00ч, потсетуваат од Винтер Априкот.

Би можело да ве интересира

За Пиво Фест, се подобрува соработката меѓу угостителите и полицијата

Театарот Златен Елец во Прилеп гостува со претставата „Грета“

Пела Редакција

На Могилата во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, организира Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе