Осум осуденици од Прилеп кои се барале со потерници за издржување на казна затвор биле уапсени во текот на вчерашниот ден во координирана акција на криминалистичка полиција при МВР и ПС Прилеп.
„По претходно изготвен план, полицијата спроведе оперативни активности за лоцирање и приведување лица кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции на подрачjето на Прилеп. Притоа, од слобода се лишени осум лица за кои што Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните Казнено поправни установи“, се вели во соопштението на МВР.
Уапсени се М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци во КПУ Прилеп, Ј.С. (25) осуден на три месеци казна во КПУ Прилеп, А.А. (37) осуден на 17 месеци казна во КПУ Идризово, С.М. (37) на едногодишна казна КПУ Идризово; Б.Г. (37) седуммесечна казна КПУ Идризово; О.Е. (42) шестмесечна казна КПУ Прилеп; Б.Т. (67) шестмесечна казна – КПУ Прилеп и Ж.В. (43) исто така шестмесечна казна КПУ Прилеп.
Бегалците од правдата биле уапсени на спиење. Дел од уапсените се спроведени во затворо „Идризово“,а остатокот во прилепскиот затвор.
претходна вест