11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Директорката на УЈП, Лукаревска и градоначалникот Јованоски на средба со прилепските угостители

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска беше во работна посета на Прилеп при што оствари средба со градоначалникот Илија Јованоски.

На средбата стана збор за новиот принцип на работа од страна на УЈП, при што инспекторите за време на редовните контроли, наместо казни, најпрво ја користат опомената како средство за подобрување на фискалното работење на угостителските објекти, колонијалите и другите даночни обврзници.
-Зеднички да се бориме против сивата економија и заедно да ги рзагледаме предностите и слабостите на Управата за јавни приходи. Ќе разговараме и за новините во Законот за готовински плаќања како и за предностите од ублажувањето на казнената политика која е детерминирана во новиот Закон за прекршоци. Секако дека ќе ги слушнеме и впечатоците од проектот ‘Мој ДДВ’, да видиме дали навистина граѓаните се’ повеќе бараат да им се издаваат фискални сметки, а врз основа на тоа да се заштитиме од нивното сторнирање. За пофалба е тоа што веќе надминавме 10 милиони скенирани сметки преку проектот ‘Мој ДДВ’ и тоа што преку 85.000.000 денари ќе завршат во џебот на граѓаните, токму преку оваа мерка“, посочи Лукаревска.
-Сакам да ја изразам мојата благодарност до Управата за јавни приходи, затоа што за време на годинешниот ‘Пиво фест’, УЈП покажа професионален, добар и ефикасен однос, вршејќи навремени контроли без да ја попречи работата на угостителите кои зедоа учество на тој настан“, истакна градоначалникот Јованоски.
На средбата со угостителите, сите присутни заеднички се согласија дека е најбитно да се гради партнерски, а не репресивен однос со даночните обврзници.
Во Прилеп се евидентирани околу 180 угостители.

Би можело да ве интересира

Пред Бадник горат коледарските огнови!

Елизабета Филипоска

Каратистите со македонско потекло одлични на отворенoто првенство на Австралија во карате

Гордана Цветаноска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (41)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе