17.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Во Крушево започна уште едно меѓународно параглајдинг првенство

Веднаш по завршување на 16-тото Светско првенство во параглајдерство во Крушево започнува уште едно меѓународно првенство со околу 130 учесници.
Утрово беше отворено првенство во параглајдерство под наслов Gin Wide Open.
„ Крушево е град на авантурата и местото за авантуризам. Завршивме со Светското првенство,а во годините што следат организираме уште неколку европски и светски првенства во параглајдерство и змајарство. Сакам да ви посакам одличен престој и успешно натпреварување“, порача градоначалникот на општина Крушево.
Во Крушево присутен е и сопственик на фабрика за производство на падобрани од Јужна Кореа Џин Сеок Сонг кој во изминатите две недели го тестираше теренот и неговите нови производи. Во текот на наредните денови ќе објавиме и видео материјал во кој директно ќе пренесеме што господинот Џин мисли за Крушево и можностите за параглајдинг.

Би можело да ве интересира

Нови давачки во новата година

Елизабета Филипоска

На две мерни места во Лагово и Алинци водата не е за пиење

Гордана Цветаноска

Струга ја оправда фаворитската улога со Победа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе