11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Изложба на најдоброто од 50 години Светска галерија на карикатура Скопје

НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во изложбениот салон, од утре, 30 август со почеток од 20.00 ч. , па до 5 ти септември, ќе биде домаќин на изложбата „50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 – 2019“.

Изложбата се состои од 50 карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури Скопје.

Кога ќе се спомене ОСТЕН – најпрвин се мисли на карикатурата.., и со право!

Скопје, град со релативно скромни традиции во карикатурата, благодарејќи на професионалното организационо обликување на Светската галерија на карикатури од страна на членовите на Редакцијата на македонскиот хумористично-сатиричен весник „Остен“, од 1969 година прераснува во град-мека на светската карикатура и тоа трае веќе 50 години!

За тоа се заслужни многумина: Од Блаже Конески (кумот на името „Остен“), Ацо Шопов, Владо Малески, Славко Јанески, Василие ПоповиќЦицо, .., преку Дарко Марковиќ, ДуканЈелен, Владо Јоциќ, Панде Јаревски, Миле Попоски, Димитар Чудо, Ане Василевски, Глигор Костовски, Делчо Михајлов, Ѓуро Варга, Ефтим Проески, Живко Павлов, сите во своите области како работници или соработници во Редакцијата на ОСТЕН, … па сѐ до Мице Јанкуловски, кој од 2004 година заедно со тимот на ОСТЕН успешно ја продолжува традицијата на Светската галерија на карикатури. Брендот, за волја на вистината, испадна доста жилав. Од првиот број на 1.1.1945, ОСТЕН сам за себе вели дека е весник кој „излегуе кога ќе му текне“… така што, ОСТЕН е бренд со карактер – како што се и луѓето кои го воделе сите овие години.

Би можело да ве интересира

„Љубов и вино“ манифестација посветена на Свети Трифун и Денот на вљубените

Пела Редакција

Медена земја во Прилеп го проследиле над 2 илјади филмски вљубеници

Гордана Цветаноска

Изложбата „УБАВИНАТА КАКО ХАРМОНИЈА И ЕДИНСТВО НА ПРОТИВРЕЧНОСТИТЕ“ од утре во ликовната галерија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе