11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Истражување: Ниски плати, високи норми, мобинг, текстилците не веруваат во синдикат

Ниски плати, високи норми, присуство на мобинг, се причините за незадоволство на работниците во прилепските текстилни компании. Висината на платата се движи од минимална 12 165 ден. до 20 000 ден. од кои, ако е над 12 165 ден. вклучени се бонуси, работа од трета смена, работа во сабота и недела, како и прекувремената работа и работа во празник.
– Работодавачите во глобала го исплаќаат само минималниот износ на плата загарантиран со закон. Само многу мал дел од испитаните работници се изјаснаа дека се задоволни од својата плата, вели Неџлан Исмаилоска од невладината „Достоинствен работник”, здружение кое во период од 3 месеци направи теренски истражувања за состојбата на работничките права.
Од април до јуни, годинава биле опфатени 196 текстилни работници од кои 61 мажи и 135 жени, во 6 од 20 тина текстилни фирми во Прилеп. Но, работниците велат дека немаат заштита ниту од синдикатот, ниту од инспекторатот.
Работниците не веруваат во синдикалните здруженија и за нив не се познати синдикатите дека постојат. Имаат страв да го контактираат трудовиот инспекторат.
– Се откри и случај кога на работник му беше прекршено работничкото право. Следуваше контакт со трудовиот инспекторат. И покрај тоа што работникот постапил согласно законските прописи, не добил ниту извештај од Државниот трудов инспекторат, ниту одговор од компанијата за неговиот работен статус. Иако е јасно дека работничките права му се прекршени, неговиот случај стагнира и е без резултати, вели Исмаилоска.
Текстилните работници работат во просечни услови за заштита на здравјето и сѐ уште се плашат отворено да говорат за проблемите.
Според Рубинчо Аризанкоски, претседател на невладината „Достоинствен работник” истражувањето е во рамките на проектот, финасиран од ЕУ, насловен „Не биди роб- информирај се за своите права”. Целта е да се привлече вниманието на институциите и на јавноста за експлоатацијата на работничкиот труд.

–Основната цел на овој проект е застапувањето на правата на работниците, вршење притисок на донесувачите на одлуките и да се алармира јавноста за важноста на прашањето на трудовата експлоатација. Воедно е битно да се воспостави механизам за информации и превенција против трудовата експлоатација. Од една страна, работодавците се жалаат дека нема доволно работници, а од друга страна, пак, не ја зголемуваат минималната плата, а мора и да ги унапредат правата на работниците, вели Рубинчо Аризанкоски, претстедател на „Достоинствен работник“.
Во 20 тина текстилни компании во Прилеп, работат околу 2 илјади работници. Бројот варира, бидејќи условите за работа се менуваат, работници има се’ помалку, но тешко оди со подобрувањето на условите и зголемување на платите.

Би можело да ве интересира

Колку снегот и ниските температури ќе им наштетат на земјоделските култури?

Гордана Цветаноска

Прв пат, после 20 години Тут-ком – Прилеп на крајот на годинава ќе покаже добивка

Елизабета Филипоска

Авто Контрол Станица за технички преглед одбележува 10 години од постоењето

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе