11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушево го слави Денот на ослободувањето, 8 ми Септември (ГАЛЕРИЈА)

Свечена седница на Советот на општината во хотелот „Монтана палас” се одржа денеска по повод 8 Септември, Денот на ослободувањето на Крушево и Денот на независноста. Со богата програма за која се погрижија вредните ученици на СОУ „Наум Наумоски Борче“ и ООУ „Никола Карев“, традиционално, на седницата беа доделени највисоките општински признанија за институции и поединци. Учениците и нивните ментори се претставија со пригодни рецитали и хорски изведби посветени на празникот на Крушево – Денот на ослободувањето на градот, како и Денот на независноста.
Фотографиите ги подготви Сотир Маркоски, ученик во СОУ „Наум Наумоски Борче“

Советот на општината ја додели најпрестижната Осмосептемвриска награда, три признанија и една пофалница.
Осмосептемвриската награда, градот Крушево му ја додели на Горан Димишкоски за афирмацијата на градот и за посебен придонес во областа на спортот и туризмот со организацијата на 16-то Светско првенство во Параглајдерство за 2019 година.
Признание по повод 8 Септември, градот Крушево ѝ додели на Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом од Крушево за посебен придонес во афирмацијата на општината во областа на здравството. Ова признание, исто така, се доделува и за покажаната несебична активност и поддршката на сите манифестации кои ги организираше Крушево.
Признанија за Денот на ослободувањето на Крушево добија и Ташули Талески и Христо Велески за посебен придонес во афирмацијата на општината во областа на образованието.
Пофалница по повод 8 Септември, Крушево му додели на пингпонгарскиот клуб „Крушево” за посебен придонес во афирмацијата на градот во областа на спортот и за освоените резулатати на Балканското првенство.

Би можело да ве интересира

Од утре изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола

Пела Редакција

Еурокомпозит – трет ден протести на Илинденска бр. 2 во Скопје

Гордана Цветаноска

Гулабоски: со потпишување на договорот за субвенционирана струја, ќе ја вратиме старата цена на водата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе