29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Метео предупредување: Студен бран, обилни врнежи од дожд, снег и заладување

Управата за хидрометеоролошки работи денеска издаде метео предупредување за студен бран во кој се најавува драстична промена на временската прогноза. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).

Во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

 

Би можело да ве интересира

Во Цепенков (сцена 105) гостува претставата „Повик“

Локалитетот Крушевско езеро инфраструктурно ќе се доуредува

Откупот закочи – клуч се повисоки цени !!! (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе