1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Eфективна практична настава и подобри услови во СОУ „Орде Чопела“

Новата учебна година СОУ „Орде Чопела“ Прилеп ја започна подготвено со уредени училници, но и надворешна реконструкција и тоа партерно и хортикултурно уреден училишен двор, комплетно реконструирано кошаркарско игралиште.

 

Училиштето набави нова индустриска машина за чистење на подовите, а заврши и набавката нови бели и смарт табли во училниците и лабораториите.

„Реактивирана е работата на реалната училишна компанија „Детелинка“, која врши редовно контролирано и ограничено производство на бели печива за потребите на училиштето, со интенција во понатамошниот период производството да се прошири. Потпишан е меморандум за соработка со ветеринарната амбуланта, со компанијата ‘Секе’ како и со ЈКП ‘Комуналец’, каде што дел од партерното уредување на градот е со цвеќе кое учениците го произведуваат во нашето училиште.

Исто така, потпишан беше меморандум за соработка и со Прилепска Пиварница, каде нашите ученици ја изведоа феријалната пракса, а унапредена е соработката и со други компании од градот во кои учениците ќе ја изведуваат практичната настава“, истакна директорката Анета Пејоска.

СОУ „Орде Чопела“ Прилеп веќе од март наредната година ќе биде дел од „Еразмус“ програмата, проект кој што ќе се реализира со партнерски училишта од Литванија, Италија и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Издашноста на Студенчица намалена, Прилеп се снабдува и од градските бунари

Пела Редакција

Четврток боево гаѓање на стрелиштето „Леково„

Пела Редакција

Заврши дипломатската мисија на Веле Трпевски, амбасадор на Република Македонија во Австралија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе