8.9 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Ирена Јакимовска и Анита Блажевска потпретседатели на Управниот одбор на Стопанската комора

Стопанската комора доби два нови потпретседатели на Управниот одбор кои ги изгласа Собранието на комората на 07.12.2023 година. Имено,  нови потпретседатели на УО се Ирена Јакимовска сопственичка на „КОМФИ АНГЕЛ“ и Анита Блажевска менаџер во „ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП“ .

Собранието на СКСМ на 07.12.2023 година, покрај редовните точки врзани за програмските документи, изгласа и зајакнување на кадровскиот состав, во пресрет на предизвиците со кои ќе се соочуваме во текот на 2024 година. Нови потпретседатели на УО се Анита Блажевска (41) – „ФИЛИП МОРИС ТКП“„ и Ирена Јакимовска (50) – „Комфи Ангел“. Во УО беа избрани Снежана Савиќ Димовска (45) – „ПИВАРА СКОПЈЕ“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) – „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД-Скопје“ и Горан Мауровски (37) – „ФАКОМ„ АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) – „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски (34) – „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска (34) – КРЕАТИВ ХАБ. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Со тоа Комората уште еднаш покажа дека располага со значаен кадровски потенцијал, кој е потребен за новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација; формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 – Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.

Од Стопанската комора посочуваат дека континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди потпретседателскиот тим на Комората во состав: Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Тие сега оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании.

Би можело да ве интересира

Утре втор „Генералка викенд“ во Крушево

Во ООУ „Кочо Рацин“ стартуваше дневен престој за 30 тина ученици

Гордана Цветаноска

Од 1 декември дневна евтина тарифа, но идната година и нова цена на струјата

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе