11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Нов медицински шприц патентира 16-ет годишен Прилепчанец

Ученикот во втора година во гимназијата „Мирче Ацев“ –Прилеп , Сашо Јандрески, е еден од најмладите иноватори , кои на свои 16 години успеа да  патентира уникатен и специјален медицински шприц. Го нарече  „Јандреeв шприц“ и синоќа, свој прототип го презентираше и го промовираше пред присустне во  сала во Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп : здравствени работници , фармацевти, ветеринари, лекари, медицинки сестри, професори од основните и средните училишта, раководители на здравствени установи, преставниците од локалната самоуправа, граѓани, сооученици и пријатели … и, доби пофални критики и големо воодушевување за неговата изворедена иновација и темелна промоција и силен аплауз

Станува збор за медицински шприц наменет пред се за заштитна на здравствените работнци,  кој не користи памук и алкохол, бидејќи самиот има во него,  и кој  после првото користење, иглата се закочува и нема можност да се користи повторно. Шприцот  е компактибилен и за венска и за мускулна терапијаи  и може да се направи од биоразградлива пластика со цела заштитита на животната средина од прекумерното користење на пластиката . Шприцот е уникатен и во начинот на дозирање

.„За  полесно се дозира има две мерни скали и тоа едната мерна скала е многу поретка, а додека другата е многу позачестена, односно на едната скала работиме со десетинки од милилитарот, а на другата скала со половинки од милилитарот.- истакна Јандерски презентирајќи ја својата иновација

„Јандреeвиот шприц“ се состои од 3 основни дела : волуменската капсула, главата на волуменската капсула и притисочната рачка,сите подеднакво важни .

„ Мојот шприц употребува обични модели на игли кои и денес се употребуваат. Сите тие игли се со различна големина, знаете ја имате таа стандардна големина, тука главата на иглата е обоена со зелено и другите помали и поголеми димензии на игли.  Мојот шприц е компактибилен со сите тие големини на игли, а има само мала разлика кај притисочната рачка. Но, она што е најважно со овој иновативен медицински шприц е тоа што до 99 % е заштитен  здравствениот работник кој го употребува шприцот,бидјеќи нема контакт со пациентот. Но, и пациентот е заштитен од несакани инфекции при нанесување на памукот со алкохол,вадењето на иглата итн. “ нагласи младиот иноватор

Од економска гледна точка Јандрески истакна дека цената на „Јандеровиот шприц“  би била зе неколку проценти повисока од сегашните шприцеви,

„Но мора да земеме во предвид дека овој мој шприц ги замнеува сите претходни модели на шприцеви, доаѓа до заштеда на енормно големо количество на пластика и заштита на самите здравствени работници од Хепатит Б и Ц“- рече тој на презентацијата.

Идејата за создавање на ваков шприц доаѓа по неговот волонтирање во итните медицински служби, на одделенијата за педијатрија и хирургија при Општата болница “Борка Талески“ во Прилеп, во Црвениот крст како хуманист и активист, со што практичното ја согледал недоволната заштита на здравствените работници при користење на шприцевите, но и брзината во спасувањето на еден живот. Шпрциот пред се ефикасно би се користел и е наменет во областа на итната медицина и траоматологијата.

Свое мислење за оваа иновација дадоа и дел од здравствените работници присутни на презентацијата, но и професорите и директорите на здравствените устанои,како и тимот професори кои заедно со Сашо Јандревски 8 месеци работеа на оваа иновација:  проф. по македонски јазик и литература, Стефани Видеска , проф, Моника Јанкулоски, проф. Наташа Милеска Михајлоска, дипломиран професор на ПМФ Скопје, во областа наставна биологија.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој присуствуваше на презентацијата ја истакна важноста младите да создаваат,откриваат  и да се образуваат, бидејќи тие се двигатели и иднината на опшеството.„Затоа Опѓтината ги подржува овие креативн млади луѓе„-рече тој

Инаку,патентирањето на Јандреовиот медицински шприц се случи пред  еден месец во Државниот завод за индустриска сопственост. Интересно е што овој медицински шприц е и првиот патентиран производ во областа на медицината во Македонија после  25 години.

 

 

Би можело да ве интересира

За прв пат „Клетници“ во прилепскиот театар

Гордана Цветаноска

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПРИЛЕПСКИОТ НАРОДЕН ХЕРОЈ КУЗМАН ЈОСИФОСКИ ПИТУ

Елизабета Филипоска

Тамара го откажа настапот на Пивофест

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе