Во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот “Пелистер“ во Битола се одржа Државно Првенство за Деца и Млади Сениори до 23 години на кој џудо Клубот Сеишин Прилеп зеде учество со вкупно 20 натпреварувачи,а ЏК Санкаку Прилеп со 9, при што се вратија со куп медали.
Од Битола џудистите од џудо Клубот Сеишин Прилеп се вратија со вкупно 17 медали ( 4 златни, 5 сребрени и 8 бронзени) во категориите:
Деца во машка конкуренција: Благојче Мантароски кат. 42 кг Прво место, Немања Џагадуроски кат. -25 кг. 2 ро место , Дарио Нанески кат. -38 кг. 2 ро место,. Стефан Јакопетревски кат. -30 кг. 3 то место , Марко Василески кат. -50 кг 3 то место , Илија Биковски кат. -38 кг 3-то место
Млади Сениори до 23 г. ,машка конкуренција: Кристијан Тошески кат. -100 кг. 1-во место, Марио Цинцароски кат. +100 кг. 1-во место , Јован Најдоски кат. +100 кг. 2-ро место, Валентин Димитриоски кат. -90 кг. 2-ро место , Стефан Талески кат. -90 кг. 3-то место, Мартин Трајановски кат. -66 кг. 3-то место , Михал Конески кат. -81 кг. 3-то место , Марио Тошески кат. -73 кг. 3-то место
Млади Сениори до 23 г. женска конкуренција : Теодора Димеска кат. -48 кг 1-во место, Марија Талеска кат. -48 кг. 2-ро место, Магдалена Најдоска кат. -48 кг. 3-то место. Одлични борби прикажаа и Антонио Талески, Бојан Мојсоски кај младите сениори до 23 г. во категорија -73 кг. и Англе Мошков кај децата во кат. -27 кг. , но не успеаа да изборат место на пиедесталот.
Стручниот штаб на ЏК СЕИШИН-Прилеп е задоволен со остварениот учинок на своите џудисти
ЏК Санкаку Прилеп
ЏК Санкаку Прилеп,пак, на ова државно првенство настапи со 9 натпреварувачи при што освоеи 6 медали: Адријан Мирчески -38кг 1во место, Горјан Талески -30кг 2ро место, Анабела Мицкоска -32кг второ место, Андреј Игнатовски -30кг 3то место, Ангел Талески -22кг 3то место , Марија Михајлова -32кг трето место, Ратко Ацески +50кг 3то место, Марко Митриќески -50кг 3то место, додека пак Петар Велјаноски, Марко Ацески и Матеј Илиоски не зедоа место на пиедесталот. Од клубот се задоволни со постигнстиот успех.
Наредните настап на џудистие е в недела (06.10.2019) , на 11-от Меѓународен Турнир во џудо „Прилеп Град Херој -2011“ – ЦЕВИТАН А КУП, кој започнува во 10, оо часот во спортската сала на СОУ Р.Р.Ричко Прилеп.