5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Со блокада на патот, мариовци со предупредувачки протест за лошата патна инфраструктура во Мариово

Со повикот насловен „По пат одам за пат прашам“, мариовци, вторник, 5-ти ноември ( од 08 до   10,30 ч.) ќе организираат предупредувачки  протест, со блокада на патот кај надвозникот од с. Ново Лагово, прилепско, а потоа ќе се упатат и пред општинската зграда – Прилеп. Причина е лошата патна инфораструктура која е неизменате со години наназад и преставува опасност за сите кои го користат овој пат.

 “Повеќе години, патот Прилеп – Витолиште кој е единствениот пат за областа Мариово  во Општиина Прилеп се наоѓа во катастрофална состојба, а слична е состојбата и на скоро сите патни правци во Мариово кои водат до другите населени места во оваа областНадлежните институции до денес не направиле ниту обичен увид и не преземаат ништо и покрај големиот број писмени и усмени обраќања и повици од страна на жителите на Мариово и другите поединци и субјекти, кои престојуваат и работат во областа. Затоа ги повикуваме сите граѓани на Македонија од областа Мариово, како и оние кои се по потекло од овој крај и другите добронамерници да земат учество на овој протест, кој има исклучиво цел за решавање на крајно лошата состојба на областа Мариово,  особено на патната инфраструктура!“, велат од Ицијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово – Прилеп.

Тие бараат реконструкција на патот Прилеп – Витолиште и поправка и тампонирање и реконструкција на локалните патишта до населените места во Мариово.

Особено критична е состојбата на  делницата од селото Штавица до селото Кален, кадешто има безброј опасни оштетувања и возењето станува се потешко и небезбедно, не само за возилата, туку и за животот на луѓето кои се приморани да поминуваат по патот.

 

Grunishte, Mariovo, Macedonia

 „Имајќи ја предвид ваквата состојба на патот, не можат нормално да се одвиваат ниту активностите на државните органи и служби: граничната полиција, полицијата, здравствените служби, противпожарните служби, стопанските субјекти, инспекциските служби, ветеринарските служби, активностите на Македонската православна црква, на туристичките агенции и другите субјекти, кои се неопходни за нормално функционирање на животот во областа.“- бараат во писемното обраќање  од Ицијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово – Прилеп.

Тие бараат:

  1. Поправка на делницата, с. Ново Лагово – с. Штавица
  2. Реконструкција на делницата, с. Штавица – с. Кален
  3. Поправка на делницата, с. Кален – с. Витолиште
  4. Реконструкција на локалниот пат, Липов Дол – с. Чаниште
  5. Реконструкција на делот од патот, Прилеп – Витолиште, пред и по Расимбегов Мост
  6. Асфалтирање на патот, Баров Мост – рудник Сирма Галица, с. Бешиште и асфалтирање на патните правци до с. Полчиште и с. Бешиште
  7. Реконструкција на патот, Витолишка Река – с. Витолиште
  8. Тампонирање на патот, Витолиште – Живово – Врпско
  9. Тампонирање на патот с. Кален – с. Кокре
  10. Тампонирање на патот, с. Дуње – с. Пештани
  11. Тампонирање и асфалтирање на патот, пат Прилеп – Витолиште – Чумово

„Доколку надлежните институции, во најкраток можен рок, не одговорат позитивно на нашите барања, кои имаат елементарен карактер, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки (протест, блокада и сл.) со цел да ги принудиме да ги извршат бараните активности“ -велат од Иницијативнот одбор.

Со овие барања тие писмено ќе ги информираат: Советот на Локалната самоуправа – Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп, Министерство за транспорт и врски на Македонија, Премиерот на Република Македонија, Министерот за финансии на Република Македонија и до пратениците од општина Прилеп

 

Би можело да ве интересира

Петта по ред победа на ЖФК Деспина

Гордана Цветаноска

Хуманоста на дело – Крводарителска акција во прилепскиот затвор (фото)

Денот на македонскиот јазик одбележан во Букурешт, Романија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе