Синоќа, на Свечена седница на Советот на Општина Прилеп во салата на домот култура Марко Цепенков, беа доделни наградите на годинашните лаурати, добитници на најпрестижната награда на градот,3- ти Ноември.



Диплома за достигнувања од областа на медицината му беше доделна на д-р Злате Шуплиноски, за достигнувања од областа на новинарството, диплома 2-ти Ноември и беше доделна, на уредникот на Радио Пела и новинар , Гордана Цветаноска; за млад иноватор, од областа на медицината, 3-то Ноемвриската награда му припадна на 16-сет годишниот Сашо Јандрески. Озган Сулејманоски, оперски млад пејач ја доби диплома 3-ти Ноември за достигнувања од областа на музиката; Драгослав Миноски, за достигнувања од областа на образованието; Билјана Јуруковски, фотограф , за достигнувања од областа на фотографијата и афирмација на Прилеп и Македонија, парагледеристот, Борјан Јованоски , за неговите достигнувања и афирмација од областа на спортот и Филип Димкоски за афирмацирање на македонскиот јазик и негово негување.
Постхумно, диплома за достигнувања и афирмација на блуз музиката во земјата и регионот, му беше доделена на познатиот и единствен блузер во Македонија, кој почина минатата година, Александар Дворчанец – Сале.
Добитник на највисокот признание , златна плакте 3-ти Ноември за живот дело му бше доделна на 83 годишниот, Ѓорѓи Гешоски, спортскиот работник ,човек кој 40 години е во атлетиката , како спортист, тренер и амасадор на Македонија на големите светски спротски атлетски настани.
Со Третоноемвриски плакети се наградени „Бимфуд“, за придонес и афирмација на стопанството во земјата и регионот, „Изофас“, за придонес од областа на градежништвото и градежното инженерство, театар „Чин 4 Сцена 5“ за придонес во развојот на театарската уметност, „Клуб на литературни творци“ за достигнувања од областа на литературно творештво и џудо клубот ,,Пролетер’’, за достигнувања од областа на спортот.