8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Прологниран рокот за аплицирање за ИПАРД 2

По барање на заинтересираните, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за аплицирање за мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ која се финансира од ИПАРД 2 програмата. Наместо до 18 ноември сите заинтересирани, апликациите ќе може да ги доставуваат до 3 декември. Вкупно на располагање се 16,6 милиони евра.
Ова е дополнителна можност за прибирање и комплетирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање за добивање на средствата.
Сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, фарми за зајаци, дивеч, насади за дрва, рибници, отворање на кино, радиодифузно претпријатие во рурални средини, сместувачки капацитети, ресторани и други угостителски услуги можат да ја поднесат потребната документација за аплицирање на повикот.
Барањата се доставуваат до Платежната агенцијата.
Заинтересираните ќе можат да аплицираат за поврат на 65 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.
На последниот повик за оваа мерка за развој на мали бизниси се склучени 23 договори со вкупна вредност од 4,3 милиони евра.
Целта е да се создадат услови за развој на малите и средни претпријатија како важен фактор за вкупниот раст на домашната економија.

Би можело да ве интересира

Прилеп има 6 случаи на заболени од коронавирус

Елизабета Филипоска

Изгоре 442.074 м3 дрвна маса – пошумување задолжително на есен

Елизабета Филипоска

Продолжува окрупнувањето на земјоделското земјиште

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе