20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Општина Кривогаштани објави јавен повик за учество во обука на негуватели за помош и нега на стари лица

Започнува реализацијата на Проектот за развој на социјални услуги за помош и нега во домот за подрачјето на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, поддржан од Министерството за труд и социјална политика. Општина Кривогаштани во соработка со Здружение на Граѓани Центар за развој и едукација Прилеп, за потребите на Проектот денеска, 6 ти февруари објави:
ЈАВЕН ПОВИК
за учество во обука за негуватели за помош и нега на стари лица
Ги повикуваме сите лица кои се заинтересирани да земат учество во бесплатната обука преку која ќе се стекнат со практично и теоретско знаење за квалитетно и успешно испорачување на услугата за помош и нега во домот да аплицираат во периодот од 06.02.2023 до 15.02.2023 година.
Заинтересираните лица потребно е да ги исполнуваат следниве критериуми и да ги достават следниве податоци:
– Да се државјани на Р.С.Македонија;
– Да имаат над 18 години;
– Да имаат завршено најмалку основно образование;
– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
– Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Центар за развој и едукација Прилеп;
По завршувањето на обуката да бидат подготвени за пружање на помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домашни условии и да бидат вклучени кај Давателот на услуга во период од 12 месеци.
Обуката ќе се изведува според верифицирана Програма за негуватели, со што кандидатите ќе се стекнат со верификуван и меѓународно признаен сертификат за Негувател на стари лица.
Повикот е отворен до 15 февруари 2023 година.
Сите лица кои се заинтересирани потребно е да се пријават најдоцна до 15.02.2023 година на следнава е-маил адреса [email protected]
Пријавувањето исто така може да се изврши и во Архивата на Општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени преку пополнување на образец Пријава за учество на обука, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот (контакт лице од општината Дејан Киселоски тел. 078 308 964 ). Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Би можело да ве интересира

Саем на земјоделски производи и домашно.мк

Гордана Цветаноска

ЈП за ПУП Прилеп: Се укинува бесплатниот јавен градски превоз за две категории граѓани

Гордана Цветаноска

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе