2.9 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп пред воведување на карантин?!

Градоначалникот Илија Јованоски на една од националните телевизии посочи на алармантната состојба во која се наоѓа Прилеп, според бројот на новозаразени и починати со Ковид 19, и побара да се воведат построги мерки, односно, дополнително ограничување на движењето со воведување карантин.

„Последните 9 дена има 26 починати, вчера имаше само 6 починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение, упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Мораме да имаме карантин. Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“ – рече Јованоски при интервју за ТВ 24.

Ваквата проценка на градоначалникот, ја потврди и портпаролот на Владата, Душко Арсовски, кој денеска рече за Прилеп бидејќи ситуацијата е алармантна, во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

– Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во Прилеп за да се намали процентот на заразени со ковид-19 – додаде Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Би можело да ве интересира

(Видео -Фото)Крушево: Фестивалот на храната и културата започна успешно

Елизабета Филипоска

Цепенков оживеа во модерна верзија -три дена културна манифестација „ Со Марко на улица„

Елизабета Филипоска

Водици 2023 Осветување на водите на Плетварско езеро

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе