3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

500 деца на заеднички Божиќен Ручек – ќе го слават Христовото раѓање.

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, по 12-ти пат , и оваа година ќе го организра највеселиот настан за децата, кој ја одбележува годината, Божиќниот Ручек. 500 ,деца в недела,  во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање.

По 9-ти пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува и престижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ,која  Оваа година му се  доделуваме на УНИЦЕФ МАКЕДОНИЈА.

Целта е  500 деца од различни градови од  Република Македонија на заедничка трпеза да го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање .На  заедничка трпеза ќе седнат: деца без родители, деца на загинати припадници на безбедносните сили, деца со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Ресен, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ширум државава. Според конвенцијата за правата на децата за еднаквоста на сите децата, а во интерес на мото на организација  „Едно небо за сите деца“ на оваа Божиќна трпеза сепоканети и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат.

На сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Илија Јованоски. Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар.

За збогатување на свеченоста ќе се погрижат членовите на Академијата за Естрадно пеење „Ѕвездички“ од Прилеп, a како и секој Божиќ, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапи македонскиот идол Христијан Тодороски.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на најзаслужните, : А.Д. „Охридска банка“ од Скопје, КДС „Кабелнет“ од Прилеп. И на пријателите на децата и Детската Амбасада, Градоначалникот на Општина Прилеп, Г-дин Илија Јованоски, Алкалоид А.Д. од Скопје, Охридска банка од Скопје, А.Д. Реплек од Скопје, Дрексел Мајер од Кавадарци, Жикол од Струмица, Прилепска Пивара од Прилеп, Маркоски К73 од Струга.

Би можело да ве интересира

„Бадниковaта поворкa“ нема да се одржи – Овој пат децата со божиќни честитки до болните

Елизабета Филипоска

Фестивал на пиперката во Кривогаштани

Пела Редакција

Од локалниот водовод во Крушево, водата не е здравствено исправна за пиење

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе