5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА НОВАЦИ, ЉУБЕ КУЗМАНОСКИ ГИ ПРЕЗЕНТИРА ПРОЕКТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ВО 2018 ГОДИНА

ПРЕДЛОГ ПЛАНИРАНИ ЕДНОГОДИШНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА 2018 ГОДИНА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Реконструкција и доградба на општинската зграда  во вредност од 5.000.000,00 денари и купување на опрема во вредност 140 000 денари, реконструкција , одржување, асфалтирање и тампонирање на патната инфрстрктуа  Реконструкција на училиштата во селата Горно Агларци, Бач и Гермијан (2. 330. 000, 00 денари) Реконструкција на објекти на месни заеници и продавници во селата: Арматуш, Живојно, Далбеговци и Скочивир ( 6.300.000,00 денари) ,доизградба на капелата во с. Новаци  (1.500.000,00 денари),изградба на ракометно игралиште во с. Долно Агларци (1.600.000,00 денари) ,реконструкција на водоводите во селата Мегленци и Старавина( 3.000.000,00 денари) ,изградба на зелен појас –(1.000.000,00 денари) капитални преокти за оваа 2018 година на ОПШТИНА Новаци

Но ќе се рабти и на ПРОЕКТИ ОД СТРАНСКИ ДОНАТОРИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Проект „Подигнување на свеста за културното наследство во општина Новаци“  кој има за цел да ја подигне јавната свест за промоција и заштита на културното и историското наследство со цел јакнеење на алтернативниот туризам  и локалниот економски развој. Промотивниот настан  ќе се реализира во периодот февруари – јуни 2018 на рекреативниот парк Коњарка кој е реконструиран претходно со средства од Европска Унија во рамките на проектот „ Жива историја , Жива природа 2“ од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013. Промотивниот настан ќе биде составен од различни активности , подигнување на јавната свест, пешачење  до културно историски сајтови на територијата на општина Новаци, работилници, активности за чистење на околината , музички хепенинг, едукативни работилници , он сајт посета на учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и др. Овој проект, општината ќе го реализира со партнерство на АЛДА ,а е финансиран од Европска Унија (3000 евра од ЕУ и 4250 евра )од АЛДА и општина Новаци

Ќе се работи и на проект „ Одржливо менаџирање на агро отпад за загревање на рурални области“- Agrowchain од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија- Грција 2014-2020 . Со овој проект Општината планиа да  ја поттикне локалната заедница за поголема општествена одговорност и подобрување на условите за живот , заштита на животната средина. Преку овој проект би се набавле различни видови опрема : трактор, корпа за чистење на каналите и речните корита од вегетација, приколка , машина за балирање и котел за паарно греење кој ќе биде поставен во детската градинка. Земјоделските остатоци и вегетацијата од реките и каналите ќе бидат исушени, преработени и ќе се користат за   загревање на просториите во детската градинка ( 230 м2). Општина Новаци проектот ќе го реализираме во соработка со Агенцијата за поттикнување на земјоделството и руралниот развој од Битола и ДЕТЕПА; CRES и CLube  од Грција. ,а од буџетот на општина ќе бидат доделние  216 895 евра.

Во 2018 година ќе продолжи и соработката со општина Коломбел од Франција и АЛДА на тема Прва светска војна. Оваа година се навршуваат 100 години од завршувањето на оваа голема војна па општина Новаци ќе биде организатор, но и во соработка со партнерите ќе биде вклучена на многу настани на оваа тема. Планираме на наша територија да поставиме спомен плоча со имињата на загинатите војници од Прва светска војна , нешто слично како споменикот во Коломбел кој беше поставен мината година во номеври.

Општина Новаци има аплицирано предлог потпроект  во првиот повик од проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот кој ги помина сите административни процедури и сега е во последната фаза на техничка евалуација. Станува збор за проект кој чини 676 783 евра кој општина Новаци доколку го добие ќе го реализира во соработка со АЛДА од Скопје и ЦГИ од Прилеп. Со овој проект е планирано да се реконструира основното училиште во Скочивир и негова пренамена во сместувачки капацитети, реконструкција на 6-те живеалишта ровови од Прва светска војна кои се наоѓаат во Мегленци кота 1050, целосна реконструкција и адаптација на поранешното училиште во с. Градешница и негова пренамена во музеј на Прва светска војна, мапирање на линијата на фронтот и соодветно означување и обележување, серија работилници на домашни и странски експерти на тема Прва светска војна и сл.

Би можело да ве интересира

Со настап на локалниот бенд Инвиктус, вечерва завршува Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Елизабета Филипоска

Стартува откупот на тутунот

Етнички Македонци во Австралија си ги враќаат автохтоните македонски презимиња

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе